Се омажи ќерката на Пол Вокер, а до олтарот ја испрати неговиот колега Вин Дизел

Точка

23/10/2021

13:15

14.743

Големина на фонт

а а а

Медоу Вокер, манекенката и ќерката на покојниот Пол Вокер се омажила за вереникот Луис Торнтон Алан на плажа во Доминиканската Република, а до матичарот ја донел глумецто Вин Дизел.

Медоу во петокот на Инстаграм сподели црно-бели фотографии од интимната церемонија на која присуствувале незјиното семејство и блиски пријатели, вклучувајќи ги и колегите на нејзиниот татко од "Fast&Furious", Вин Дизел и Џордан Брустер.

"Венчани сме", напишала под видеото.

Медоу претходно за Вог рекла дека пандемијата влијаела врз нивните планови за венчавката.


"Семејството на Луис не можеше да присуствува. Многу блиски пријателија кои ги сметаме за семејство исто така не можеа да дојдат поради пандемијата", рекла таа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг