[ВИДЕО/ФОТО] По раскинувањето ја објавија заедничката песна: Боно и Тами испратија моќна порака со „Бамба“

Точка

13/07/2026

14:01

1.197

Големина на фонт

а а а

Македонската музичка сцена доби уште едно свежо летно издание. Борјан Илковски Боно и Тамара Димчевска Тами ја објавија својата нова песна „Бамба“, заразна поп-денс нумера со модерен урбан звук, динамичен ритам и рефрен што лесно останува во глава уште по првото слушање.

Она што ја прави оваа објава уште поинтересна е приказната зад неа. Песната и видеоспотот се снимени во период кога Боно и Тами беа во долгогодишна љубовна врска. Иако денес нивните животни патишта се разделени, тие донеле заедничка и зрела одлука проектот да ја види светлината на денот.

Во време кога најчесто сведочиме на прекинати соработки по раскинување на љубовни или пријателски врски, Боно и Тами испраќаат поинаква порака, дека меѓусебната почит и професионалноста можат да останат присутни и кога љубовта ќе заврши. Токму затоа, „Бамба“ не е само нов музички сингл, туку и потсетник дека зрелоста понекогаш се гледа најмногу во начинот на кој луѓето затвораат едно поглавје и продолжуваат понатаму, без да ја избришат убавата работа што заедно ја создале.

Музиката, аранжманот и текстот се дело на самиот Боно, битот го потпишува Гокшата, додека за миксот и мастерингот е задолжен Иван Јованов – Iwayo, во рамките на Urban Records, чија поддршка беше значаен дел од реализацијата на проектот. Видеоспотот, кој одлично ја следи енергијата на песната, е во режија и продукција на Томислав Живковиќ.


Голема заслуга за проектот има и Lollipop Entertainment Group, кои континуирано стојат зад развојот на кариерата на Боно.

За реализацијата на музичкиот спот, придонес дадоа и My Dealer Macedonia, во чие луксузно комбе се снимени дел од сцените.


„Бамба“ веќе е достапна на YouTube и на дигиталните музички платформи, а доколку сте љубители на современ поп звук со летна атмосфера и заразен ритам, ова е песна што дефинитивно вреди да ја додадете на вашата плејлиста.