Во Ротердам е изградена најголемата "лебдечка" деловна зграда во светот

Точка

05/10/2021

20:15

27.139

Големина на фонт

а а а

Во Ротердам е изградена "лебдечката" деловна зграда за која нејзините креатори тврдат дека е најголемата градба од овој вид во цел свет.

Градбата, која е исполнета со работни простории и канцеларии, има два спрата и речиси цела е направена од дрво, со што ќе се намали емисијата на јаглен диоксид. Се користи соларна и водна енергија.

Помеѓу останато, балконите овозможуваат пријатен престој, додека зелената површина на кровот ја регулира температурата. Градбата плови на површина изградена од бетон. Исто така има и ресторан и базен.


Целата зграда е смислена така што има помало влијание врз околината. Просториите во зградата ќе се изнајмуваат на 10 години, а потоа ќе се продаваат. Постои можност да се промени локацијата или материјалите од кои е направена да бидат рециклирани, објавиле од Светскиот економски форум.

Зградата е проектирана од компанијата Powerhouse.