Правила за убаво однесување во Шведска: Го почитуваат личниот простор и не се буткаат во редици

Точка

25/03/2025

11:35

1.272

Големина на фонт

а а а

Ладнокрвните Швеѓани се на листата на најсреќни луѓе во светот, а за да се вклопите во нивното општество, обрнете внимание на најчестите грешки што ги правиме при посетата на северна Европа…

Лагом, шведскиот термин за умереност, или „баш онолку колку што е потребно“, е еден од клучните принципи за правилно функционирање на нивното општество. Ако го усвоите, големи се шансите дека убаво ќе се вклопите. На листата на работи кои најмногу ги нервираат локалните жители се посетителите од други земји кои не знаат да ги контролираат своите емоции.


Швеѓаните не се „отвораат“ веднаш и не се склони кон покажување емоции. Тие неизмерно го ценат својот личен простор и исто како и Финците, не кријат ароганција зад таквото однесување, туку едноставно сакаат да избегнат губење време на неважни работи. Тие не уживаат во муабетот и празните зборови што многу луѓе ги користат за да ја „надминат“ непријатната тишина.

Најголемиот кошмар на Швеѓаните

На припадниците на овој европски народ не им се допаѓа кога стоите во нивна близина на автобуската постојка – односно, тоа е вистински кошмар за нив. Финците и Швеѓаните попрво ќе стојат на станицата оддалечени едни од други отколку да се загреваат под покривот на чекалната.

И да не заборавиме дека зборуваме за земја во која зимата може да трае од три до седум месеци. Меѓутоа на списокот на шведски правила за добро однесување има уште неколку „закони“.


Заборавете ги бакнежите

Кога ќе сретнете Швеѓани, учтиво е да им ја пружите раката. Само кога ќе станете блиски, можете да ги поздравите со прегратка, но никогаш со бакнеж во образ – тоа може да биде одбивно за нив. Начинот на поздравување кој каj нас е сосема нормален едноставно „не функционира“ на северот од Европа.

Застанете во ред

Ако не сакате да ве сметаат за непристојни, треба да го забавите темпото, да оостанете со ладна глава и да не се туркате во редици. Ако се нервирате кога продавачките одат зад вас во продавница, конечно ќе се чувствувате пријатно во оваа ладнокрвна земја – продавачите не се мешаат, а честопати се толку дискретни што дури и не ве поздравуваат кога ќе влезете во продавницата.


Не одбивајте ја фиката

Швеѓаните се меѓу најсреќните луѓе во светот, а за тоа можат да се заблагодарат на мало дневно „ресетирање“ наречено фика. Тоа е кафе-пауза, но фика е многу повеќе од тоа.

Тука се и ролати со цимет (канелбулар), чоколадни топчиња во кокос (чокладбол), задоволства од марципан (семлор) и други колачи по ваш избор.


Не плаќаат тури

Доколку одлучите да ги почестите Швеѓаните со рунда пијалаци без претходен договор, би можеле да ги доведете во непријатна ситуација. Во Шведска секој сам си плаќа пијалак, па таков гест би можел да ги навреди. Ако навистина сакате да ги почестите, почекајте да се опуштат и да се напијат неколку пијачки, а потоа понудете ги.


Не поканувајте ги на доцна вечера

Додека Шпанците само што почнуваат да вечераат, Швеѓаните веќе ја плаќаат сметката и го напуштаат ресторанот. Иако многу ресторани во Стокхолм се отворени до полноќ, тоа не е случај во помалите градови. Вообичаеното време за ручек е околу пладне, а вечерата се јаде помеѓу 17 и 20 часот.

Ако одите на гости кај некого, учтиво е да пристигнете на време или не повеќе од 15 минути подоцна – но никогаш порано. Не заборавајте на влезот да прашате дали треба да ги соблечете чевлите. Во домовите Швеѓаните носат чевли само за свечени собири.