"Луѓето се плашат од преголеми гради": Били Ајлиш открила што се случило откако за првпат се облекла провокативно

Точка

24/09/2021

15:21

5.996

Големина на фонт

а а а

Били Ајлиш (19) е млада уметничка која е обожувана од милиони луѓе ширум светот. Нејзините песни се пеат со цел глас, а многумина ги поддржуваат и нејзините ставови.

Меѓутоа, како што растела и созревала, Били одлучила да го промени начинот на облекување. Од прешироки, удобни маици и широки панталони, пејачката се пренасочила кон поатрактивни парчиња облека.


Но, не сите фанови на Били Ајлиш ја поддржале околу менувањето на стилот. Имено, пејачката открила дека изгубила илјадници следбеници кога на своите социјални мрежи објавила фотографија во корсет во мај оваа година. Некои отишле толку далеку што ја обвиниле дека е лицемерна.

"Тоа е многу дехуманизирачки", рекла за своите фанови кои и понатаму очекуваат дека ќе носи широка облека по која некогаш била препознатлива.


"Изгубив 100.000 следбеници, само поради градите", рекла за магазинот "Ел". 

"Луѓето се плашат од преголеми гради", рекла таа.


Пејачката била облечена во корсет поради фотосесија за Вог во мај. Неодамна на Мет Гала се појави во гламурозна креација, за која рекла дека ја разбудила нејзината љубов кон фустаните кога била мала.




Спонзорирани линкови

Маркетинг