Ја навредуваат дека е лесна и дека спие со сите бидејќи има тетоважи: Нејзиниот одговор долго ќе се памети

Точка

23/09/2021

23:23

12.412

Големина на фонт

а а а

Моделот и инфлуенсерка, Амбер Лук, одлучила да им ја затвори устата на интернет корисниците и хејтерите кои изнесуваат заклучоци за нејзиниот живот.

Лук е уморна од тоа да ја нарекуваат со погрдни имиња и тоа само затоа што објавува малку послободна содржина.

Таа се обратила преку Инстаграм и ги замолила корисниците да бидат пристојни онлајн. Во пораката која им ја испратила на своите следбеници, кои се повеќе од 16.000, Австралијанката напишала отрезнувачка порака.

„Не ме познавате, затоа не претпоставувајте сра*а за мојот живот. Точка. Секогаш ќе го давам срцето на дланка иако многупати тоа скапо ме чинеше. Мислам дека е важно да се знае дека секој поединец на овој свет има свои демони со кои живее и со кои се бори - затоа, потрудете се да бидете пристојни“, пишува Амбер и продолжува:

„Само затоа што правам еротски филмови не значи дека се влечам наоколу и спијам со други. Дури и да го правам тоа, кој си ти да ми кажеш дека сексуалната слобода е лоша?“, пишува таа.

Таа не дозволила негативноста да ја порази, туку решила да успее и да се фокусира само на тоа, а нејзината објава собрала многу допаѓања и многумина се согласиле со неа.

„Убаво кажано, се согласувам со тебе“, „Ти си прекрасно човечко суштество, многу те сакам“, „Ти испраќам поддршка и позитивни вибрации“, биле само дел од коментарите.

Низ годините, Амбер го изменила своето тело. Таа покрила 98 отсто од својата кожа со тетоважи, како и пирсинг на лицето, телото и дури на препоните.

Исто така направила и некои непријатни работи, го поделила јазикот, ги растегнала ушите и ја обоила внатрешноста на очите во светло сина боја.



Спонзорирани линкови

Маркетинг