[ВИДЕО] Снимка од популарна плажа на Јадранот предизвика бројни реакции: „Ова не е одмор, ова е стрес“

Точка

03/07/2026

17:50

799

Големина на фонт

а а а

Летната туристичка сезона е во полн ек, а плажите долж јадранското крајбрежје секојдневно се исполнети со голем број посетители. Една снимка од Брела деновиве привлече големо внимание на социјалните мрежи, каде што предизвика лавина коментари поради огромниот метеж на плажата.

На видеото може да се забележат стотици капачи и густа низа чадори за сонце, поради што многумина сметаат дека речиси е невозможно да се најде слободно место или да се ужива во мирен одмор.

Под објавата брзо се појавија бројни коментари од корисници кои ги споделија своите впечатоци и искуства од летувањето на преполните плажи.


„Ова е замор, а не одмор“, „Убаво е како во кокошарник“, „Како сардини, и да ми платат – не благодарам“, „Тоа не е одмор, туку стрес“, „По вакво летување ти треба уште еден одмор“, се дел од реакциите.

Еден корисник напиша дека веќе четири децении летува во тој крај и се присети дека порано плажите биле значително помирни и многу помалку посетени.

Од друга страна, имаше и коментари дека ваквите гужви се очекувани во шпицот на туристичката сезона и дека на многумина тоа не им пречи, сè додека морето и временските услови ги исполнуваат нивните очекувања.