Пред 13 години беше пронајдена мртва, опкружена со шприцеви: Сцената од станот и денес предизвикува морници, а животот ѝ го одбележа трагичната љубов

Точка

23/09/2021

12:19

16.450

Големина на фонт

а а а

Соња Савиќ, една од најталентираните актерки на југословенскиот и српскиот филм, почина на 23-ти септември 2008 година, а денес се навршуваат 13 години откако таа нѐ напушти.

Југословенската актерка имаше 47 години кога лекарите на Итната помош се обидуваа да ја реанимираат во нејзиниот стан во Белград, но за жал не успеаја да ја спасат. Савиќ почина од прекумерна доза на хероин, во празен стан во кој што имало само душек и била опкружена со шприцеви, како што тогаш тврдеа нејзините соседи.


Нејзиниот живот го одбележа и голема љубов која за жал заврши трагично. На само 15-годишна возраст се заљуби во познатиот џез музичар Влајко Лалиќ, со кој планирала заеднички живот и основање семејство. Но, нивните планови никогаш не се реализираа поради прераната смрт на музичарот кој се удави во 1990 година.


„Додека бев млада, често замислував дека ќе имам брак и семејство со човекот кој бескрајно го сакам и на кој целосно ќе му се посветам. Имав голема љубов. Откако тој замина од мојот живот кога имав 29 години, себеси си сметам за вдовица“, изјавила Соња во едно интервју.

Во последното интервју, два месеци пред да почине, актерката се потсетила на зборовите на својата баба која секогаш ѝ зборувала дека сѐ може да се прочита во човечките очи. Во нејзините очи тогаш се оцртуваше тагата и осаменоста.


„Има уште една изрека на баба ми на која често се присетувам - ти „светат“ очите. Денес тоа можеме да го кажеме за многу генерации, кога ќе помине полноќ. Нивните очи „светат“ од којзнае што, а тоа не е добро ни за нив, ниту за нивните семејства. Изгледа дека самотијата е цена за мојата слобода“, рекла тогаш Савиќ, а по само два месеци засекогаш ги затвори своите очи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг