Низ улиците на овој град кружел камион со бизарна реклама: "Не се вакцинирајте!"

Точка

22/09/2021

21:00

9.328

Големина на фонт

а а а

Камион на кој пишувало "Не се вакцинирајте" забележан е како кружи на улиците во град во Северна Каролина. На прв поглед изгледа дека антиваксерите го закупиле билбордот во обид да ги убедат луѓето да не се вакцинираат.

Меѓутоа, под натписот со мали букви пишува "Погребално претпријатие Вилмор".

Доколку се обидете да го пребарате на Гугл ова погребално претпријатие ќе наидете на црно-бел сајт на кој пишува: "Вакцинирајте се веднаш. Ако не, се гледаме наскоро".

Фотографијата од камионот со необичната порака беше споделена на Твитер, а потоа се прошири и на останатите социјални мрежи.

Во САД се вакцинирани 181 милиони луѓе против Ковид-19, а 45,4% од Американците уште треба да бидат вакцинирани.



Спонзорирани линкови

Маркетинг