Нежни бои, топлина и мир: Ова е домот на Оливера Балашевиќ во кој живеела со Ѓорѓе

Точка

15/09/2021

21:17

32.044

Големина на фонт

а а а

Сопругата на покојниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ, Оливера, по смртта на популарниот музичар останала да живее во нивниот семеен дом во Нови Сад.

Таа одвреме навреме на социјалната мрежа Инстаграм со своите следбеници споделува по некоја фотографија од нивната куќа на улицата која се споменува и во познатата песна на нејзиниот покоен сопруг - „Неки нови клинци“.

На една од фотографиите кои ги споделила со своите следбеници на Инстаграм, Оливера ја покажува торта која сама ја направила, а позади неа има орман со теглички, каков што некогаш имала секоја куќа во Војводина.

Во спалната соба сè изгледа интимно и спокојно, а завесите над креветот допринесуваат за романтична атмосфера.

Таа често позира и во дворот, односно на 'зеленој трави дома свог', а Оља со своите фотографии ги навратила следбениците на некои далечни времиња кога се капеле на плажата на Дунав.

 



Спонзорирани линкови

Маркетинг