Најлудите креации на Мет Гала 2021: Ријана во огромен капут, а Ким повторно маскирана!

Точка

14/09/2021

11:30

10.689

Големина на фонт

а а а

Во организација на музејот Метрополитен во Њујорк и американскиот магазин "Вог", Мет Гала без сомнение е еден од најголемите модни настани во годината, а црвениот тепих и легендарните скали се место каде секоја година може да се видат најекстравагантните креации потпишани од најпрестижните модни куќи и дизајнери.

Минатата година, Мет Гала беше одложена поради пандемијата со коронавирус, а оваа година настанот од првата недела во септември се пресели на 13 септември. Синоќа, елитата на Њујорк и холивудските ѕвезди се вратија на црвениот тепих и култните скали на музејот Метрополитен.


Американскиот "Вог" со воодушевување го пречека нејзиното појавување и го опиша овој модел на Баленсијага како магичен. Ријана носеше огромен капут/јакна со соодветна зимска капа, додека нејзиното момче, Асап Роки носеше наметка во вид на ќебе специјално изработена за овој настан. И овој модел, како и на Ким Кардашијан ги дизајнираше истиот дизајнер - Демна Гвасалиа.

Ким Кардашијан го повтори чудниот стајлин и се појави во црно издание со потпис од Баленсијага носејќи црна маска преку лицето.

"Целосно сокривајќи ги нејзините црти на лицето и телото, оваа комбинација даде нешто што таа долго време не го имала - анонимност", заклучија од "Вог".


На црвениот тепих се појави во друштво на дизајнерот, кој исто така беше целосно маскиран па многумина помислија дека тоа е Каније Вест.


Сепак, извори за американските медиуми открија дека токму Каније бил тој кој ги запознал дизајнерот и Ким и го поттикнал да ги помести границите во модниот свет.

Верувале или не, нејзиниот моден стајлинг го лајкуваа повеќе од три милиони луѓе.


Меган Фокс за овој настан избрала црвен фустан со исечоци на деколтето, но како што многумина искоментирале, била повеќе облечена отколку на музичиките награди MTV VMA.


Новиот холивудски пар, Зои Кравиц и Ченинг Тејтум ја потврди врската појавувајќи се заедно на црвениот тепих. Додека Ченинг бил во класично одело, Зои се појави во доминантниот изглед за оваа година - провиден фустан под кој се гледа долната облека.




Спонзорирани линкови

Маркетинг