Овие вежби се едноставни за изведување, а даваат феноменални резултати.
Помеѓу 15 и 20 отсто од луѓето страдаат од хронични болки во колената. Покрај колковите и зглобовите на нозете, поради современиот начин на живот, колената се оние кои први страдаат.
Ова станува се почест проблем кај луѓето, но за среќа постои решение кое може да донесе олеснување. Станува збор за специјално креирани вежби кои, доколку редовно се изведуваат, можат значително да помогнат.
За изведувањето ќе ви бидат потребни едно столче, лента за вежбање и едно тениско топче. Изведувањето на овие вежби трае вкупно 10 минути, а може да ги прави буквално секој бидејќи не се посебно напорни.
Освен што ги ублажуваат болките, овие вежби влијаат и на доброто држење на телото, па можете да ги правите и превентивно.