Топлес видеото на Бритни ги загрижи фановите, поголемиот дел од нив тврдат дека зад објавите кои на крајот ги брише не стои таа

Точка

30/07/2021

14:12

6.817

Големина на фонт

а а а

Бритни Спирс на социјалната мрежа Инстаграм објавила видео во кое е топлес, а последните неколку денови таа објавува и ги брише фотографиите поради што фановите се убедени дека сето тоа не го прави таа.

Поп принцезата Бритни Спирс по фотографијата на која позира топлес која ја објави, па ја избриша, сега на Инстаграм споделила видео од истата серија фотографии.

Таа изненадила многу од следбениците, па истите коментирале дека сигурно таквите фотографии и видеа не ги објавува таа.

39-годишната поп ѕвезда во видеото одвај ги покрила само брадавиците од градите, а на себе носи само кратки панталони.

Објавите на нејзиниот Инстаграм профил последниве денови ги загрижија нејзините фанови, а поголем дел од нив забележале дека пејачката нема тетоважа на грбот, па коментирале и дека сигурно тоа не е таа.

Пред неколку седмици Бритни сведочеше на суд, па откри шокантни детали за нејзиниот татко.

Бритни го прекина молчењето и кажа дека конечно сака да престане старателството над неа.

„Навистина верувам дека ова старателство е вистинско насилство“, изјавила таа во својот 25-минутен говор.

„Сакам да имам можност да се венчам и да родам уште едно дете, но старателството ме спречува во тоа. Се чувствувам заробено и осамено“, изјавила пејачката на суд.



Спонзорирани линкови

Маркетинг