Уште долго ќе владее со модниот свет: Оваа жена ги шета најексклузивните и најскапи парчиња, директно од модните писти

Точка

23/07/2021

10:28

6.516

Големина на фонт

а а а

Долгогодишната главна и одговорна уредничка на најпрестижниот моден магазин „Вог“ - Ана Винтур, е жена која неприкосновено владее со модниот свет веќе неколку децении.

Таа е страв и трепет за сите модни креатори, на чии ревии седи во првиот ред, секогаш со црни очила за сонце и набљудува... Велат дека ако Ана излезе незадоволна од ревијата, истата е однапред осудена на пропаст. Но, доколку ѝ се допадне и облече модел од таа ревија во јавноста, бидете убедени дека речиси секоја позната дама наскоро ќе го има истиот модел во својот гардеробер.

Својата кариера на модна уредничка, но и модна икона внимателно ја градела, без да одбира средства, тврдат многумина. За Винтур се вели дека е немилосрден професионалец кој секогаш добро знае што сака. Така стојат работите кога е во прашање и нејзиниот личен стил...

Ана е привилегирана во својот гардеробер, директно од модните писти, да ги поседува најексклузивните парчиња гардероба, чанти, чевли и аксесоари од најеминентните модни куќи, па би можело да се каже дека нејзиниот избор на аутфит е значително олеснет.

Меѓутоа, таа отсекогаш била личност која се истакнувала со свој личен печат, која знае како да носи одредено модно парче и која никогаш не следела слепо било кој тренд.

Во текот на годините ја гледавме во многубројни фасцинантни модни комбинации, а денеска издвојуваме само дел од нив - погледнете:



Спонзорирани линкови

Маркетинг