Иднината на работните места по Ковид-19: Реорганизација на образовниот процес како одговор за стекнување квалификувани кадри за идните професии

Точка

19/07/2021

11:09

4.980

Големина на фонт

а а а

Бројката на новозаразени лица со Ковид-19 значително опаѓа и на глобално и на локално ниво. Со зголемувањето на темпото на вакцинација, се чини дека на повидок е крајот на пандемијата, или барем, истата ставена е под контрола.

Економските загуби беа од огромни размери, а човечките жртви неизмерни. Сепак, се наоѓаме во еден историски момент кога треба да покажеме сила, но и стратегија и планирање кои се засновани на податоци, со цел да излеземе посилни од овие трагични времиња и да се придвижиме во вистинската насока.

Едно е сигурно, не се враќаме во светот којшто некогаш го знаевме. Одиме кон иднина која е уште понеизвесна отколку што беше порано. Промените што моравме да ги направиме за време на карантинот имаа драстичен и непосреден ефект врз живеењето и работењето, особено во начинот на кој ја перципираме работата и различните професии.

Пред пандемијата, јавноста најмногу размислуваше за различните видови на работни места кога фокусот беше избор на работното место, кога се аплицираше за работа или пак во секојдневните разговори. За време на карантинот, јавноста навистина започна сериозно да ги разгледува различните видови на работни места од аспект на важноста, локацијата, нивната функција и дали тие се „неопходни“. Овој вид на размислување долгорочно ќе влијае врз тоа како ние како општество размислуваме за различните работни места, како тие се поставени и што значат за општеството.

Направени се значителни напорни за да се разберат последиците од продолжување на работењето од далечина (remote) или враќањето назад во канцелариите. Луѓето веќе ги проценуваат можностите за работа врз основ на можноста за далечинско работење. Компаниите ги анализираат добрите и лошите страни на воспоставување на долгорочен распоред што би им овозможил на вработените да работат од дома или да ги комбинираат работните денови во канцеларија со работни денови од дома.

Но, како што знаеме, не сите професии можат да се приспособат за непречно да функционираат од далечина. Канцелариските типови на професии базирани на компјутерска работа во напредните економии се околу една третина од вкупните видови на професии. И, бидејќи работата во оваа област бара само умерена физичка близина, според истражувањето на McKinsey Global Institute „цела потенцијална работа од далечина е во рамките на оваа област“.

Дури и пред пандемијата гледавме трансформациски трендови и поместувања на далечинското работење, е-трговијата и особено автоматизацијата, но она што се случи со пандемијата не само што го забрза, туку исто така и обезбеди пробен период за компаниите и институциите кои се двоумеа дали да ги прифатат овие трендови. Тие сега знаат која е нивната важност за нивната деловна активност, имаат собрано реални податоци за ризиците и предностите на наведените феномени и можат да донесуваат одлуки базирани на податоци и информации.


Истото важи и за работната сила. Луѓето кои во изминатата година и половина мораа да работат далечински, можат да одлучат или да влијаат на начинот на кој сакаат да работат во иднина врз основа на искуствата од реалниот живот. Според написот на Forbes „72% од директорите велат дека нивните организации започнале да усвојуваат трајни модели за далечинско работење“. Соодветно на тоа, околу 70% од вработените исто така тврдат дека можноста да работат од дома, дури и ако тоа е само мал дел од неделата, има одлучувачко влијание врз начинот на кој тие би го одбрале следното работно место.

Меѓутоа, бидејќи далечинското работење е условено од одредена област на професии, (работа со компјутери во канцеларија), истото ќе влијае на тоа како помладата работна сила ги избира своите професии и како постарите генерации одлучуваат за надградба на своите вештини или преквалификација. Промената на кариера како феномен не е нова и е сѐ поприсутна од почетокот на дигиталната револуција. Сепак, со пандемијата таа ќе биде уште позастапена и клучна за полнење и стабилизирање на глобалната економија. Глобалната дигитализација и напорите за користење на вештачка интелигенција влијаеа на истребувањето и растот на одредени занимања. Според истражувањето на McKinsey, многу компании веќе користеле вештачка интелигенција и автоматизација во магацини, продавници за храна, телефонски центри и фабрики за производство, а се предвидува дека работните области со високо ниво на човечка интеракција ќе продолжат да го забрзуваат неговото распоредување. Ова, исто така имплицира дека многу луѓе ќе мора да го сменат работното место или уште поважно, целосно да ја сменат професијата.

Слични или зголемени предизвици се почувствуваа и во Македонија, со тоа што економијата се соочи со драстичен пад од дури 14,9% само во вториот квартал на 2020 година, според истражувањето на Finance Think. Секторите како што се: производство на храна и пијалоци, трговија на мало, копнен транспорт, складирање и логистичка поддршка за активности итн. беа идентификувани како оние кои претрпеле најголемо економско уназадување, според раната проценка спроведена од ILO/EBDR (2020). Според истражувањето на Finance Think, се проценува дека околу 60 илјади работни места се изложени на непосреден ризик да бидат изгубени, но бројот е значително намален поради владините мерки за задржување на вработувањето.

Во извештајот објавен од Стопанската комора на Македонија што се однесува на македонската економија во тековниот и пост-пандемискиот период, при идентификување на долгорочните структурни слабости на македонската економија, асиметричната состојба на пазарот на трудот беше наведена како една од главните слабости. Ова значи дека пазарот на трудот е доминиран од една страна „од несоодветни профили на работна сила, кои создаваат профили на невработеност со дипломи, и од друга страна, недостаток на технички и професионални профили кои се барани на современиот пазар на трудот“.

Една од неколкуте мерки препорачани од Стопанската комора на Македонија е „значителна реорганизација на образовниот процес на земјата, на сите нивоа, со ефективно вклучување на сите засегнати страни“, при што приватниот сектор ги исполнува барањата за квалитетна работна сила.

Како Brainster одговори на новите потреби?

Како позитивен пример од локалниот приватен сектор се издвојува Brainster кој во последните 5 години активно создава квалификувана работна сила за современиот пазар на труд. Уште од своите почетоци, овој едукативен центар обезбедува врвни образовни програми со докажани професионалци како свои инструктори, подготвувајќи цела генерација на квалификувани кадри на локално и меѓународно ниво, кои веќе ги исполнуваат предизвиците на современите занимања.


До денес, приближно 10.000 алумни од 4 различни држави имаат поминато низ курсевите и академиите кои ги нуди Brainster, а стапката на нивна вработеност се импресивни 80%.

Сите 7 академии (дигитален маркетинг, графички дизајн, fullstack и frontend програмирање, тестирање на софтвер, UX/UI дизајн и Data Science), произведуваат квалификувани кадри кои одговараат на „барањата за квалитетна работна сила“ додека ги подготвуваат технолошките лидери и претприемачи на иднината.

Но, што беше пресудно за растот на Brainster во ек на пандемија? Всушност, уште на почетокот на пандемијата, раководството на Brainster почувствува дека ограничувањата кои таа ги предизвикува ќе им овозможи поголем обем на потенцијални студенти и професионалци коишто сакаат да започнат нова кариера или едноставно сакаат да ги надградат своите тековни вештини. Намерата беше да им се даде шанса на илјадници млади таленти и професионалци да не го трошат своето време за време на строгите мерки и карантинот, туку да ги развиваат вештините на иднината.


И сето тоа успеа. Бизнисот порасна за 250%. Оттогаш, и тимот на Brainster се зголеми со нови членови. Веќе им нуди на своите вработени можност да работат од дома, или да комбинираат канцелариска работа со далечинска работа, по нивна погодност. Покрај тоа, новата платформа за ко-иновации и вработување поставува рекордни бројки на вработување и ко-иновации со над 300 локални и меѓународни компании.

Почнувајќи од октомври 2021 година, Brainster на интернационалниот пазар ќе лансира нови академии за Full-stack Web програмирање и Дигитален маркетинг, а пак на македонскиот пазар ќе лансира Академија за Full-stack HR и Академија за проектен и продуктен менаџмент. Дополнително, на двата пазари ќе се лансира и Академија за Business Intelligence.

Како што веќе споменавме, новите академии го воведуваат хибридното искуство на учење, што е најнова иновација на Brainster во обидот да го издигне процесот на учење на ново ниво. Дел од визијата на Brainster е константно да ги проценува и подобрува своите продукти врз основа на потребите на студентите. Академиите се организирани во модули кои се состојат од снимени предавања и часови во живо.


Ваквиот пристап им нуди флексибилност на студентите, односно, следење на предавањата во време кое се вклопува со слободното време на студентот во текот на неделата, а истовремено ја одржува структурата, бидејќи на крајот на секоја недела имаат час во живо кој резимира сѐ што е опфатено со снимените предавања и ги доведува во директен контакт со инструкторите.

Во однос на практичната работа, овие академии ќе им овозможат на студентите да научат да работат под притисок со натпреварувачки дух, работејќи на реални проекти за реални клиенти кои се дел од партнерите за ко-иновирање на Brainster, а исто така да бидат и менторирани од светски реномирани инструктори кои ќе им понудат совет, поддршка и упатство за тоа како најдобро да го научат и совладаат материјалот.

Дополнително, на овие академии планиран е и посебен модул каде студентите ќе можат да учат од експерти за човечки ресурси и кариерни советници за тоа како да ги подготват своите биографии, како да поминат низ целиот процес на апликација, како да се подготват за своето интервју, а воедно и да ги покажат новостекнатите технички и меки вештини. Идејата е преку ова на студентите да им се обезбеди целосен пакет т.е целосно и подобрено искуство во Brainster - од воведување на материјалот, па сѐ до нивното вработување во компаниите.

Според сево ова, евидентно е дека академиите на Brainster се развиени врз основа на нивното обемно истражување за иднината на работните места и како најдобро да се одговори на барањата на пазарот. Пазарот драстично се промени и ќе продолжи да се менува и во иднина. Компаниите во Македонија треба да ги преиспитаат своите односи со работната сила за подобро да се вклопат во глобалните и локалните случувања и трендови, како и трендовите на новите технологии и деловни процеси. Написот на Forbes сугерира дека би било подобро за нив „да се фокусираат повеќе на специфични задачи и активности, а не на работни места општо“.

Ова подразбира дека повеќе е потребна непосредна акција отколку целосно преиспитување на својата професија, што значи дека развојот на нови вештини ќе биде доволен за повторно вклучување во постојните работни трендови и професии.