Полицаец кај Блаце влечен со возило од криумчари на стока

Макфакс

13/09/2026

17:00

211

Големина на фонт

а а а

Полицаец бил нападнат и влечен со возило од страна на криумчари на стока близу граничниот премин Блаце, по што се здобил со повреди. Инцидентот се случил за време на обидот на полицијата да запре камион со криумчарена стока.

Полицаец синоќа бил нападнат и потоа влечен со возило и пуштен, при што се здобил со повреди. Инцидентот се случил на близина на граничниот премин Блаце, откако полицијата се обидела да запре камион со криумчарена стока.

Според информациите од МВР, вчера околу 17 часот, во правец од Граничниот премин „Блаце“ кон Скопје, кај местото викано „Вражји вир“, полициски службеници забележале товарно возило „фолксваген транспортер“ со странски регистарски ознаки. Возилото било натоварено со разновидна криумчарена стока, а возачот не застанал на дадениот знак и продолжил да се движи.

По кратко време полицијата успеала да го запре возилото. При обидот возачот да биде приведен, на местото пристигнало друго возило од кое излегло лице кое физички нападнало еден од полицајците.

Во текот на инцидентот, едно од лицата го фатило полицаецот за раката, по што тој бил влечен со возилото управувано од другото лице. Потоа бил пуштен, паднал на земја и се здобил со повреди.