53-годишен маж пронајден починат во својот дом во Аеродром

Макфакс

13/09/2026

16:20

179

Големина на фонт

а а а

53-годишен маж беше пронајден мртов во својот дом во општина Аеродром, Скопје, пријавено од МВР и потврдено од лекар. Телото е предадено на обдукција по насоките на обвинителот.

53-годишен маж бил пронајден починат во својот дом на подрачјето на општина Аеродром во Скопје. Од МВР информираат дека случајот бил пријавен на 12 септември околу 13:25 часот во СВР Скопје. На местото, лекар констатирал смрт кај В.М. (53).

Извршен бил увид, а по насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.