Шасивари на работна средба со Судскиот совет за актуелните состојби и реформите во правосудството

Макфакс

14/09/2026

14:00

155

Големина на фонт

а а а

Министерот за правда Јетон Шасивари одржа работен состанок со претседателот и членовите на Судскиот совет за разгледување на актуелните состојби, предизвиците и реформите во правосудството со цел унапредување на неговата ефикасност и независност.

Министерот за правда Јетон Шасивари оствари работен состанок со претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски и членовите на Судскиот совет на кој беа разгледани актуелните состојби во правосудството, предизвиците со кои се соочува Судскиот совет и можностите за нивно надминување.

Се разговараше и за тековните реформи во правосудството, потребата од унапредување на институционалните капацитети и заеднички пристап кон надминување на идентификуваните проблеми.

Ефикасното и независно правосудство е темел на владеењето на правото и довербата на граѓаните во институциите. Затоа, неопходно е да се продолжи со отворен институционален дијалог и посветеност на конкретни решенија што ќе придонесат за поквалитетно, независно и поефикасно правосудство.