Николоски: Во 21 век напредуваат само државите кои инвестираат во големи, стратешки и долгорочни проекти

Макфакс

14/09/2026

14:00

149

Големина на фонт

а а а

Александар Николоски потенцира дека <b>во 21 век</b> само државите кои инвестираат во крупни, стратешки и долгорочни капитални проекти можат да напредуваат, наведувајќи конкретни примери како нова когенеративна централа, ветерен парк и реконструкција на аеродром, и укажува на раст во градежништвото како доказ за економски прогрес.

„Во 21 век напредуваат само државите кои инвестираат во големи, стратешки и долгорочни проекти“ – напиша на својот фејсбук профил, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

Оваа Влада води политика за иднината. Во изминатата седмица, бевме сведоци на реализација на крупни капитални проекти: нова когенеративна централа, изградба на најголемиот ветерен парк, реконструиран аеродром Св. Апостол Павле.

И тоа не се само градби“. Тоа вели Николоски се инвестиции во иднината, во нови работни места, во енергетска сигурност, во поврзаност и во конкурентна економија.

Како што нагласува во објавата, градежништвото вeќе 18-ти месец расте по ред и тоа е јасен доказ дека капиталните проекти ја движат државата напред.

„Градиме денес за да оставиме посилна држава за идните генерации“ – објави Николоски.