Медицинска сестра се обидела да докаже дека вакцината против Ковид-19 ја претворила во магнет, цел Твитер се потсмева со неа

Точка

10/06/2021

23:14

12.517

Големина на фонт

а а а

Многу Тиктокери во последните неколку дена објавија видеа во кои тврдат дека вакцината против Ковид-19 ги „магнетизирала“.

Медицинската сестра Џоана Оверхолт од Охајо е една од нив. Таа своето тврдење го изнела дури и пред министерството за здравство, а се обидела да го докаже истото прилепувајќи клуч и шнола на вратот.

„Можете ли да го објасните ова?“, прашала Џоана пред да ѝ пропадне демонстрацијата.

Откако таа прилепила клуч на градите, тој за брзо време паднал, но не успеала во намерата да прилепи ниту еден од предметите за вратот. Тоа се случило бидејќи човечкото тело лачи себум и пот, па затоа кожата е леплива и предметите можат накратко да се прилепат за неа.

Притоа е важно да се нагласи дека повеќето клучеви денес не е можно да се привлечат со магнет бидејќи воглавно се изработени од алуминиум.

Во одбрана на Оверхолт застанала и познатата антиваксерка Шери Тенпени, тврдејќи дека „веќе долго време постои сомнеж дека постои некоја досега неутврдена врска помеѓу вакцините и мрежните 5G трансмитери“.

Но, екипата на Твитер не дозволила нивните тврдења да останат незабележани и се шегуваат со нив веќе со денови.

„Дами и господа, ова е молив изработен од дрво, но ако опуштено го држам помеѓу прстите и го мрдам горе-долу, изгледа како да е од гума. Можете ли да ми го објасните тоа?“.

„Сето ова е забавно додека не сфатиш дека вакцините можат да магнетизираат алуминиум“.

„Неверојатно е што оваа жена во еден момент од животот била доволно паметна да заврши тешко школување за медицинска сестра“.

„Д-р Фаучи, можете ли да ми објасните зошто имам магнетски својства по вакцината?“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг