Конечно објавен датумот на долгоочекуваното продолжение на „Friends“, а во него ќе се појават Лејди Гага, Џастин Бибер, Дејвид Бекам...

Точка

14/05/2021

16:25

4.459

Големина на фонт

а а а

Долгоочекуваното специјално продолжение на серијата „Friends“ конечно доби датум на премиера, но и трејлер кој ги изненади фановите.

Специјалната епизода ќе биде достапна на стриминг сервисот „HBO Max“ на 27-ми мај, а истата ги обединува актерите од оригиналата постава: Џенифер Анистон (Рејчел), Кортни Кокс (Моника), Лиса Кудроу (Фиби), Метју Пери (Чендлер), Мет Лебланк (Џои) и Дејвид Швимер (Рос).

Во продолжението на серијата ќе се појават и Меги Вилер (Џенис), Џејмс Мајкл Тајлер (Гантер), Рис Витерспун (Џил) и Том Селек (Ричард) како и Елиот Гулд и Кристина Пиклс кои ги играат родителите на Рос и Моника, Џек и Џуди.

Познати личности кои исто така ќе се појават во специјалната епизода се Дејвид Бекам, Лејди Гага, членови на групата БТС, Кара Делевињ, Минди Калинг, Џејмс Корден, Малала Јусуфзаи, Џастин Бибер, Кит Харингтон и многу други.

Во трејлерот кој го најавува продолжението, шесте актери шетаат заедно, а во позадина оди познатата песна од серијата - „I’ll Be There For You“ на бендот „The Rembrandts“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг