Игор и Илина прославија една година врска: „Лани на овој ден, Илина се заврте кон мене и ми кажа: А бе ти, имаш намера да ме гушнеш некогаш?“

Точка

04/05/2021

11:42

5.664

Големина на фонт

а а а

Македонскиот шоумен Игор Џамбазов и алпинистката Илина Арсова уживаат во својата љубов и буквално се неразделни.

Ниту двајцата не ја кријат својата среќа и често објавуваат заеднички фотографии на своите профили на социјалните мрежи, а фановите во коментари им посочуваат дека тие се совршени еден за друг.

Сега парот има огромна причина за славење бидејќи нивната романтична врска започна на 3-ти мај минатата година.

По тој повод, Џамбазов објави фотографија од него и Илина и откри дел од почетокот на нивната романса:

„Лани, на овој ден, после две недели дружење и запознавање, ме врати со колата до Сретеново, ја изгаси машината, се заврте кон мене и ми кажа: "А бе ти, имаш намера да ме гушнеш некогаш?" Излеговме од "Ланусот" и...ја гушнав. Гушката се уште трае...“, гласи романтичната порака која Игор ја напишал под објавата, по која следеа низа честитки.



Спонзорирани линкови

Маркетинг