Голем труднички стомак, преслатко момче и лежерен стил – најновата фотографија од Меган Маркл го обиколи светот

Точка

23/04/2021

16:03

8.730

Големина на фонт

а а а

Преубавата Меган Маркл досега немавме можност да ја видиме по експлозивното интервју кое што го изненади светот.

Но, сега се појавија фотографии на кои што Меган е во своето најслатко друштво - синот Арчи.

Меган Маркл со својот сопруг, принцот Хари, кој што неодамна се врати од Велика Британија каде што како што знаеме отпатува поради погребот на својот дедо - принцот Филип, првпат по интервјуто кое што го даваа кај Опра Винфри е видена во јавноста.

Таа била фотографирана во Калифорнија. Била лежерно облечена: фармерки, црна маица, маслинеста јакна и шпицести папучи со отворена пета.

Таа била во друштво на својот син Арчи кој што во месец мај ќе наполни две години, но сепак во прв план бил нејзиниот голем труднички стомак.



Спонзорирани линкови

Маркетинг