Кој после принцот Филип?

Точка

14/04/2021

14:04

2.059

Големина на фонт

а а а

Принцот Филип, сопругот на кралицата Елизабета втора, почина на 99-годишна возраст.

По неговото заминување, кралското семејство мора да одлучи кој ќе ја наследи титулата на војводата од Единбург.

Како што соопшти кралицата Елизабета втора, принцот Филип починал во дворецот Виндзор во петокот. Кралицата со голема тага се прости од својот сопруг, кој повеќе од 70 години ѝ служеше на монархијата.


Прицнот Чарлс, најстариот син од четирите деца на кралицата Елизабета втора и принцот Филип, ја наследил титулата на татка си по неговата смрт, како и титулата на Гроф од Мерионет и Барон од Гринвич. Меѓутоа, Чарлс нема секогаш да биде војвода од Едибург, напротив, тутулата може да му припадне на неговиот помал брат, принцот Едвард.

Бакингемската палата официјално објави вест дека погребот на принцот Филип ќе биде одржан на 17-ти април во дворецот Виндзор. Според последната желба на принцот, службата ќе биде одржана во кругот на семејството, недостапна за пошироката јавност.




Спонзорирани линкови

Маркетинг