Главниот и извршен директор на Тесла, Илон Маск објави дека отсега во САД ќе може да се купуваат автомобилите на оваа компанија и со криптовалутите Биткоин.
„Сега можете да купувате Тесла со Биткоин“, напиша Маск на својот профил на социјалната мрежа „Твитер“.
Маск додаде дека луѓето и надвор од Соединетите Американски Држави ќе можат да ги купуваат автомобилите на Тесла со Биткоин, но не прецизираше за кои земји станува збор.
You can now buy a Tesla with Bitcoin
— Elon Musk (@elonmusk) March 24, 2021
Илон Маск минатиот месец откри дека Тесла купува Биткоин во вредност од 1,5 милијарди долари и дека наскоро ќе започне да ја прифаќа најпопуларната криптовалута на светот како средство за плаќање.
За да ги прифати уплатите во најпопуларната светска дигитална валута Тесла, според зборовите на Маск, ќе користи интерен, како и софтвер од отворен код.