Д-р Караџовски: „Прележување на вирусот не е гаранција за реинфекција – не сум турска серија, па да ме гледате секој ден“

Точка

17/03/2021

21:50

9.118

Големина на фонт

а а а

На денешната прес-конференција која што беше одржана во 11 часот, зборуваше и претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Жарко Караџоски.

Во однос на прашањето дали прележување на коронавирусот е гаранција дека реинфекција не може да се случи, д-р Караџовски изјави:

„Никому не можеме да кажеме дека инфекцијата која што е прележана пред извесен период не може да донесе реинфекција со нов сој. Апсолутно станува збор за потенцијална можност да влезе во државата, дали ќе го наречеме јужноафрикански, бразилски или друг сој на вирус. Заболувањето може да настане од некој друг сој или од истиот, но при помал имунолошки одговор кај организмот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: Детали од денешната прес-конференција на Филипче: Засега нема промени во рестриктивните мерки, министерот го разрешил и директорот на струшката болница

На секои 112.00 позитивни, ако земете 116 реинфекции, тоа е 0,01 отсто, што е релативно многу мал број од вкупниот број позитивни случаи“, изјави Караџовски.

Докторот додаде и дека верува дека голем број од реинфекциите се случуваат како последица на непочитувањето на мерките или пак контакт со лица кои веќе еднаш биле заразени со моментално заразени лица од коронавирусот, но можеби и со некој друг сој на вирусот, како на пример британскиот.

„За овој сој е карактеристика 50 до 70 отсто побрза полесна трансмисибилност, значи полесно заразување со него“, изјави д-р Караџовски, па додаде:

„За еден месец бројката е зголемена за 5.000 заразени, а во болниците во Скопје има околу 1.100 пополнети болнички места, па притисокот во Скопје е навистина голем“.

На крајот тој истакна: 

„Не е точно дека ретко се појавувам пред медиумите. Не сакам да сум турска серија, па да ме гледате секој ден. Нема потреба толку често да ме гледате. Подобaр е овој тип прес-конференции кои ќе ги организира МЗ, а јас секогаш ќе ви стојам на располагање за било-какви прашања“, заклучил д-р Караџовски.