Почина советникот на ајатолахот Али Хамнеи

Макфакс

10/04/2026

11:00

536

Големина на фонт

а а а

Поранешниот ирански министер за надворешни работи Камал Харази почина од повредите здобиени во воздушен напад, објавија иранските државни медиуми рано во петокот.

Харази, шеф на Стратешкиот совет за надворешни односи, беше ранет неколку дена претходно во израелско-американски воздушен напад, објави државната новинска агенција ИРНА, велејќи дека „починал пред неколку часа“.

Го советувал и ајатолахот Али Хамнеи

Харази беше министер за надворешни работи на Иран од 1997 до 2005 година. Неговата последна функција беше советник на долгогодишниот врховен лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, според медиумските извештаи.

Хамнеи беше убиен на почетокот на американските и израелските напади врз Иран.