Меган Маркл не се откажува

Точка

11/03/2021

14:16

4.694

Големина на фонт

а а а

Меган Маркл, војвотката од Сасекс, испратила поплака до телевизијата „ITV“, поради зборовите на сега веќе поранешниот водител на таа куќа, Пирс Морган, дека не верува во она што го кажа во интервјуто наречено 'телевизиски настан на деценијата', сметајќи дека таквите изјави негативно ќе влијаат на лицата со ментални проблеми.

„ITV“ во вторникот објавија дека Морган ја напуштил утринската емисија „Good Morning Britain“, која дотогаш ја водеше, откако јавно изразил сомнеж во вистинитоста на нејзините тврдења кои ги изнесе во интервјуто со Опра Винфри - дека размислувала за самоубиство.

„После разговорот со 'ITV', Пирс Морган заклучи дека е време да ја напушти емисијата 'Good Morning Britain'“, објавила куќата наведувајќи дека ја прифатила одлуката на која нема што да се додаде.

Според созданијата на „CNN“, приговорот на Меган Маркл се однесувал на влијанието на коментарите на Морган кон другите, односно на тоа како би можеле да ја намалат сериозноста за менталното здравје.

„Меган лажела“

Оценките на Морган за нејзиното интервју предизвикале силни реакции во британската јавност и осуди од британската организација за ментално здравје „Mind“.


Британскиот совет за електронски медиуми „Ofcom“, добил повеќе од 41.000 поплаки поради таа емисија на „ITV“ и започнале истрага поради евентуално нанесување штета.

Морган не се откажува од своите тврдења дека не ѝ верува на Меган Маркл за она што го зборувала во интервјуто и тоа го повторил и во средата, бранејќи се со правото на слободен говор.