Водителот Пирс Морган си даде отказ поради Меган Маркл: „Спремен сум да умрам за слобода на говорот“

Точка

10/03/2021

13:24

7.250

Големина на фонт

а а а

Пирс Морган, славниот британски водител кој даде отказ од емисијата „Good Morning Britain“ бидејќи го напаѓаа поради Меган Маркл, се огласи на Твитер.

Морган е еден од најпознатите „хејтери“ на Маркл, а во изминатите денови во емисијата отворено зборуваше дека не верува во ниту еден нејзин збор од интервјуто и ја напаѓаше неа и Хари поради непочитување на монархијата.

Вчера тој си замина од емисијата во текот на расправата со колегата Алекс Бересфорд, а подоцна обзнанил дека повеќе нема да биде дел од „Good Morning Britain“.

„Во понеделникот реков дека не верувам во ништо што кажа Меган во интервјуто кај Опра. Имав време да размислам за ова мислење и се уште не ѝ верувам. Ако вие ѝ верувате, во ред. Спремен сум да умрам за слобода на говорот. Ви благодарам за сета љубов и омраза. Одам да им посветам повеќе време на моите ставови“, напишал водителот на Твитер.