Откако е објавено интервјуто на Опра Винфри со принцот Хари и неговата сопруга, Меган Маркл, се огласи и пејачката Бијонсе, која ѝ пружи поддршка на сопругата на принцот.
Пејачката на својата веб страница упатила зборови за поддршка на Меган Маркл, со нивна заедничка фотографија која настанала на премиерата на анимираниот филм „Кралот лав“, во 2019-та година, во Лондон.
„Ти благодарам Меган за твојата храброст и лидерство. Сите сме зајакнати и инспирирани од тебе“, напишала Бијонсе.
Да потсетиме, Меган го обвини кралското семејство дека лаже, дека не им пружиле поддршка неа, на нејзиниот сопруг и детето, а ги обвини и за расизам.
„Нема да живеам во страв, многу работи се кажани, но не знам како очекуваа дека после целиот овој период ќе молчиме, кога продолжуваат да шират лаги во врска со нас. Ако изгубиме нешто поради тоа, не е важно - многу работи веќе изгубивме. Го изгубив татко ми, детето и својот идентитет. Сакам сите да знаат дека постои и друга страна, дека животот е вреден“, рече Меган.