Не купувам влошки и тампони, користам стари чорапи: Пејачката го згрози светот откако откри како живее

Точка

24/02/2021

20:47

13.224

Големина на фонт

а а а

Муншедоу е пејачка од Минесота, а кога нејзиното име би го превеле на македонски, би се викала Сенка на Месечината.

Таа е позната во забавната индустрија и под името Голди Локс, а своите 15 минути слава ги стекнала во текот на 90-те години на минатиот век.


Меѓутоа, на почетокот на кариерата се борела со сиромаштијата, поради што станала, како што вели 'исклучително штедлива' - толку многу што овие денови ги воодушевила гледачите на едно реално шоу за штедачи со своите навики. Како што објаснила и сама во емисијата, станала зависна од штедење и иако повеќе нема проблеми денес, се обидува да го сочува секој денар.

„Мразам да трошам пари освен баш ако не морам. Жените трошат и до 300 долари годишно на женска хигиена. Тоа е измама. Јас наместо влошки и тампони користам стари чорапи, а дури ниту нив не ги купувам, туку одам во јавни перални за облека каде земам чорапи кои луѓето ги заборавиле или фрлиле“, раскажува таа.

„Луѓето ми се смеат поради тоа, но мојот начин е поштедлив и еколошки посвесен“, вели таа. Голди е толку многу опседната со штедење што пресметала и колку чини едно перење во машина - од три до пет долари, што за неа е неприфатливо. Затоа, го одложува перењето сè додека машината не е целосно полна. Во кафулињата никогаш не ја плаќа својата пијачка. Наместо тоа, ги цеди пијалоците од другите чаши.

Ова не е крај. Како што објаснува, прозорците во своето возило никогаш не ги отвора бидејќи со тоа се троши повеќе енергија, ако сака да го загрее или излади автомобилот, тоа е дополнителен отпор, поради што моторот мора посилно да повлече. Со овие мерки, како што тврди, месечно заштедува околу 725 долари.

Голди вели и дека се соочува со потсмев кога луѓето ќе ги забележат нејзините навики, но сепак го вели следново:

„Штедењето е моја страст, како и музиката. Тоа е мојот стил на живот и не ме интересира што другите мислат за тоа“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг