Телефонот на Мијалков бил пронајден во неговиот дом додека тој патувал во непознат правец

Точка

22/02/2021

21:29

10.529

Големина на фонт

а а а

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, не бил во неговиот дом на Водно кога полицијата вчера попладне пристигнала за да му врачи решение за куќен притвор, но во домот се наоѓал неговиот телефонски апарат, чиј сигнал бил следен.

Според сознанијата на „Фокус“, во текот на вчерашниот ден, Јавното обвинителство доставило писмено известување до Министерството за внатрешни работи дека Мијалков планира бегство поради високата затворска казна што го очекува во предметот за масовното прислушување „Таргет-Тврдина“.

Извори за „Фокус“ велат дека тој бил физички следен на јавен простор, како што било законски допуштено, но воедно бил следен и сигналот на неговиот телефонски апарат, кој со патничко возило од хотелот Мериот стигнал до домот на Мијалков на Водно.


Врз основа на телефонскиот сигнал, се верувало дека Мијалков е дома, меѓутоа на крајот се утврдило дека возилото со кое патувал телефонот не било управувано од Мијалков, туку од друго лице или лица, чиј идентитет првично не можел да се утврди поради блиндираните прозорци.

Непосредно пред да исчезне, Мијалков бил во друштво на поранешниот градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски, со кој пиел кафе во кафулето „Дистрикт“ во рамки на „Мериот“. Контактиран од страна на медиумите, Коневски изјавил за „Фокус“ дека нема коментар за целата ситуација.

Зголемено присуство на полиција е забележливо денеска пред хотелот „Мериот“ во центарот на Скопје, како и пред неговата зграда.



Спонзорирани линкови

Маркетинг