Бремената Меган Маркл и принцот Хари кај Опра Винфри: Сите детали за првото големо интервју по напуштање на кралското семејство!

Точка

18/02/2021

19:56

3.181

Големина на фонт

а а а

Големото телевизиско интервју на војвотката и војводата од Сасекс ќе трае 90 минути и во јавноста ќе изнесе нови детали за кралското семејство.

Откако Меган Маркл (39) на Денот на вљубените објави дека е бремена по вторпат, познато е дека ќе даде ексклузивно интервју за легендарната Опра Винфри, а разговорот ќе биде емитуван на 7-ми март на „CBS“.

Се претпоставува дека снимањето ќе биде оваа недела, но дали ќе се емитува во Велика Британија уште не е познато.

Војводата и војвотката од Сасекс, својот план да ги изнесат сите детали, вклучувајќи ги и оние на кралското семејство, сè уште не ѝ го откриле на кралицата Елизабета Втора.

Според некои медиуми, Меган и Хари сепак нема да изнесуваат детали за причините кои ги довеле до историската афера Мегзит, односно нивното напуштање на кралското семејство кое беше најавено во јануари, 2020-та година.


Извори блиски на кралското семејство тврдат дека тие сè уште имаат добар однос со кралицата, како и дека немале никакви обврски да ги известат другите за своите намери, пред јавноста, а и кралското семејство да дознае сè од една обична објава за медиуми.

Како што открила најдобрата пријателка на Опра Винфри, Гејла Кинг, славната водителка има целосна слобода околу изборот на теми за кои ќе разговара со Меган.

„Ова е голема работа и знам дека Опра цел викенд ги подготвува прашањата. Ми кажа дека нема табу теми. Може да праша што сака“, открива Гејла.


Во првиот дел од интервјуто, би требало да поминат многу теми, почнувајќи од тоа кога поранешната актерка станала член на кралското семејство, потоа за бракот, мајчинството, филантропијата, па до прашањето како функционира под таков притисок од јавноста.

Во вториот дел од интервјуто ќе им се придружи и Хари, па ќе зборува за темите за нивното селење во Америка и плановите.

Одлуката да се согласат на тоа, посебно бидејќи знаат дека со тоа сигурно ќе го налутат, но веројатно и посрамотат кралското семејство, била и тоа како ризична, а сето тоа може дополнително да ги разниша и онака нестабилните односи помеѓу браќата, принцовите Хари и Вилијам.

Бакингемската палата одбива да коментира било што за интервјуто кое ќе се емитува само шест недели пред 95-от роденден на кралицата Елизабета Втора и непосредно пред прославата на 100-от роденден на принцот Филип.



Спонзорирани линкови

Маркетинг