Иако сите чаеви се корисни за нашето здравје, сепак зелениот чај е најефикасен, а особено доколку го консумирате на овој начин.
Сите чаеви се здрави, но зелениот е еден од најздравите чаеви на светот затоа што поволно делува на општото здравје на човекот.
Велат дека зелениот чај го поттикнува процесот на слабеење, но нутриционистите тврдат дека доколку му додадете само една намирница, тој ќе стане најздравиот напиток на светот.
„Најздравиот чај кој што може да го испиете е зелениот чај кој што е направен од лисја на кинеската билка Camellia sinensis затоа што софржи полифеноли и антиоксиданси“, вели нутриционистката Дијана Миниќ.
Меѓутоа, таа истакнува дека поголемиот дел од луѓето не знае дека доколку во зелениот чај додадете лимонов сок, истиот може да го зголеми делувањето на катехинот.
„Неодамнешно истражување покажало дека зелениот чај со лимон има многу повеќе катехин и полифеноли отколку самиот зелен чај, кој што веќе содржи импресивна листа на антиоксиданси“, изјавила таа.
Покрај тоа што доколку во чајот додадете лимонов сок тоа ќе го зголеми неговото ниво на катехин, нутриционистката истакнува дека лимонот поради киселината која што ја содржи ќе му помогне на организмот полесно да ги аспсорбира сите корисни состојки.
Исто така, Миниќ тврди дека добро е да ја користите и кората од лимонот затоа што таа содржи фитонутриенти кои што имаат моќни антиоксидантни дејства.
„Редовната консумација на зелениот чај може да ја подобри работата на организмот и да ублажи многу здравствени проблеми, а доколку додадете малку лимонов сок или пак кора од лимон во него, ќе ги зголемите сите негови дејства“, порачала нутриционистката.