Ако спаѓате во онаа група на луѓе кои патат од болки во грбот и лошо држење, испробајте го овој тренинг.
Поради современиот начин на живот кој подразбира седење и работа на компјутер или гледање во телефон, најмногу страдаат грбот, рамената и вратниот дел.
Неправилната положба при седењето ги оптоварува вратот и грбот и влијае на целокупното држење на телото кое со текот на времето се влошува. За среќа, одредени вежби можат да ги ублажат ваквите тегоби.
Денеска ви претставуваме тренинг кој се состои од неколку лесни вежби кои значајно ќе го подобрат вашето држење, но и ќе ги ублажат болките. Потребни ви се само 8 минути дневно, а доколку бидете упорни, за кратко време ќе почувстувувате дека грбните мускули ви се многу посилни и дека држењето на телото е подобрено.
Иако се многу лесни за изведување, тие се многу ефикасни бидејќи ги активираат вистинските групи на мускули, ги зајакнуваат и истегнуваат и со тоа придонесуваат за целокупното подобро чувство.
Погледнете како изгледа целиот тренинг: