Заев ја преполови листата на советници, Верушевски најплатен со 74.618 денари

Точка

26/10/2020

11:28

4.521

Големина на фонт

а а а

На листата вработени во канцеларијата на премиерот Зоран Заев има вкупно 54 лица.

Оваа листа е објавена на веб-страната на Владата. Новиот состав на советници е значително намален од претходниот кој броеше 56 лица и сега има вкупно 23 членови. 

Највисока плата зема Зоран Верушевски (74.618 денари), кој и натаму е на позицијата советник за национална безбедност.

Останатите 23 вработени добиваат од 55.268 до 60.546 денари.

Останатите советници на Заев се:

Виктор Андонов за енергетика

Милан Живковиќ за труд и социјална политика 

Дане Талески за надворешна политика; 

Љубе Бошкоски за странски инвестиции;

Зоран Бојаровски за медиумски реформи;

Иванна Хаџиевска Кошевалиски за меѓународни односи и соработка со меѓународни и домашни организации;

Тања Чачарова Илиевска за правда;

Љупка Цветкова за администрација;

Сандра Поповска за општествени дејности и јавни политики;

Фидан Колев за транспорт и врски;

Ѓорѓи Тасев за млади и спорт;

Илија Жупаноски за дигитлни комуникации;

Весна Коваческа Трпчевска за информативни активности;

Христијан Ѓоргиевски за односи со Собранието и законодавство;

Светлана Сиљаноска за организација на настани;

Теодор Богоевски за лица со попреченост;

Вјоса Исмаили за организација на прес-активности;

Леон Бакрачевски за промоција на евроатлантските интеграции;

Марија Мустрик за комуникација на економски политики;

Марија Теговска за комуникација на реформските процеси;

Елвис Мемети за инклузија на Роми;

Сања Божовиќ Стојкоска за истражување, анализи, транспарентност и отчетност.

Комплетната листа на можете да ја погледнете тука.




Спонзорирани линкови

Маркетинг