Премиера на VW ID.4: Ова е првиот целосно електричен џип на Volkswagen

Точка

26/09/2020

14:10

2.574

Големина на фонт

а а а

Volkswagen го претстави својот прв целосно електричен SUV кој ја носи ознаката ID.4, а производството веќе и започна.

Новиот ID.4 е базиран на MEB платформата која Volkswagen групацијата ја разви за своите електрични автомобили.

Автомобилот нуди доволно голем простор за пет патници, долг е 4,584, широк 1,852 и висок 1,612 мм, што значи дека има помали димензии од неодамна претставениот Enyaq на Skoda. Сепак, нешто е подолг, поширок и понизок од моделот Tiguan.


ID.4 има капацитет на бажаен простор од 543 литри, односно 1,575 литри со спуштени задни седишта, додека пак Tiguan може да се пофали со 615, односно 1,655 литри.

Првите примероци на овој електричен автомобил ќе се произведуваат со исти технички спецификации, односно еден електромотор кој развива 201 коњски сили, батерија од 77 kWh, домет од 520 километри, забрзување од 0 до 100 километри на час за 8,5 секунди и максимална брзина од 160 километри на час.


Секако, се очекува наскоро да биде претставен и помоќен модел со поголем домет, но исто така и основен модел со помала батерија и помал домет. Продажбата на ID.4 ќе започне до крајот на оваа година, а на германскиот пазар овој електричен автомобил ќе чини околу 50 илјади евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг