Сестрата на Роналдо го нападнала целиот тим на Јувентус: “Најдобар си, но не можеш сè сам”

Точка

08/08/2020

20:01

1.618

Големина на фонт

а а а

Елма Авеиро, сестрата на Кристијано Роналдо, застанала во одбрана на својот брат откако фудбалерите на Лион го елиминираа Јувентус во осмина финалето од Лигата на шампионите.

Јувентус во првиот натпревар беше поразен со 1:0, па триумфот во реваншот со 2:1, со двата гола на Роналдо, не беше доволен за пласман во завршната фаза која поради пандемијата на коронавирусот ќе се игра на турнир во Лисабон. 

“Играше подобро отколку било кој друг. Горда сум кога ќе те видам како играш и кога ќе ја видам твојата посветеност. Но, за жал, не можеш сè да направиш сам, тоа не е возможно! Знаеш дека фудбалот е таков, но мора да мислиш и дека го даде максимумот и дека сè уште си најдобар”, му порачала неговата сестра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг