„NYT“ објави мапа од состојбата со Ковид-19, жариштата се означени со црвена боја – погледнете каква е состојбата на Балканот и со Македонија

Точка

27/06/2020

13:23

8.324

Големина на фонт

а а а

„NYT“ забележал дека епидемијата се намалува во поедини земји кои што во раната фаза беа тешко погодени.

Американски „NYT“ на новата мапа на која што го следи ширењето на Ковид-19 во светот ги означил земјите со различни бои во зависност од тоа колку брзо во нив се шири епидемијата.

На таа мапа земјите се класифицирани според стапката на пораст на бројот на нови случаи во последните 14 дена, па иако некои од нив имаат низок број заразени луѓе, сепак предвид се зема порастот на бројот на новозаразени во последните денови.

Во светло-портокалова боја се обоени Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Романија и Албанија.

Македонија, која што изминативе денови бележи троцифрен број на новозаразени, прикажана е во окер боја која што кажува дека брјот на новозаразени од Ковид-19 во последните неколку седмици е речиси ист.


Меѓу европските земји во кои што бројот на заразени е во пад и се обоени со сина боја се: Велика Британија, Полска и Грција, додека пак Русија, Франција и Италија се означени како земји во кои што бројот на новозаразени е стабилен.

Во светот со црвена боја се означени, Мароко, Киргистан, Екваторијална Гвинеја и Малави.

„NYT“ забележува дека епидемијата се намалува во поедини земји кои што во раната фаза беа потешко погодени, но предупредува дека бројот на новозаразени луѓе ширум светот е во пораст и тоа побрзо од кога и да е, со оглед на тоа што дневно се забележуваат над 100.000 случаи.

Тие наведуваат дека во последниве две седмици, пораст на бројот на нови случаи забележан е во двојно повеќе земји од оние кои што пријавиле пад на истиот, што е последица на жариштата во Латинска Америка, Африка, Азија и на Блискиот исток.




Спонзорирани линкови

Маркетинг