Општина Битола: Модерни спортски терени и во Основното училиште „Гоце Делчев“

Макфакс

14/09/2026

10:50

162

Големина на фонт

а а а

Општина Битола го модернизираше спортскиот простор во Основното училиште „Гоце Делчев“, изградени се две повеќенаменски игралишта со нова опрема и осветлување. Проектот е финансиран со средства од владините повици преку Министерството за образование и наука и има за цел подобрување на условите за спорт и рекреација во училиштата.

„И ОУ „Гоце Делчев“ доби нови модерни спортски училишни терени. Летово со забрзана динамика се работеше и во ова училиште“, велат од Општина Битола.

Изградени се две повеќенаменски игралишта, едното за мал фудбал и ракомет, а другото за кошарка.

Игралиштата се оградени, осветлени, опремени со спортски реквизити и урбана опрема.

Вкупната сума на проектот изнесува 14.280.422 денари. Се работи за средства од вториот владин повик преку министерството за образование и наука. И нашата и определбата на Владата е создавање модерни услови за спорт и рекреација во нашето образование“, додаваат од Општина Битола.