Тешка сообраќајка кај Струга, тројца во болница

Макфакс

13/09/2026

11:50

246

Големина на фонт

а а а

Во регионалниот пат меѓу струшките села Велешта и Враништа дошло до тешка сообраќајна несреќа каде што тројца лица се здобиле со сериозни повреди и се пренесени во болница во Охрид.

Тројца се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна незгода што вчераутро се случила на регионалниот пат меѓу струшките села Велешта и Враништа.

Според СВР Охрид, незгодата била пријавена на 12 септември во 7:30 часот, а во неа учествувале два автомобили „голф“, двата со струшки регистарски ознаки. Со едното возило управувал Ф.Б. (36) од Лабуништа, а со другото Е.Ќ. (54) од Велешта.

Во судирот тешко биле повредени двајцата возачи, како и Е.Б. (27) од Лабуништа, кој бил сопатник во првото возило.

Тешките телесни повреди им биле констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.

Полициски екипи извршиле увид на местото на сообраќајната незгода.