Заев за “Клик Плус”: ДУИ со предлогот за Албанец премиер оди во опозиција

Точка

12/06/2020

10:17

3.741

Големина на фонт

а а а

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во „Клик Плус“ на ТВ21 посочи дека ДУИ со предлогот за премиер Албанец во Македонија оди во опозиција.

“И себе и моето СДСМ ги сметам за основоположници на концептот едно општество за сите. Јас сум докажал, во нашите редови има министри, градоначалници, директори, пратеници кои се Албанци, ние сме растретени од тоа каква етничка припадност има било кој функционер во државата, и претседател и премиер и претседател на Собрание”, изјави Заев. 

“За нас има добри и лоши луѓе, квалитетни и неквалитетни луѓе, професионалци и непрофесионалци – за нас е многу важно да биде квалитетен човек, добар човек, добар пред сè за граѓаните и за државата, да биде личен пример, да достоен за функцијата, тоа е важно. Неговата етничка припадност воопшто не е важна”, посочи лидерот на СДСМ.

Тој додаде дека ова е популистички чекор на ДУИ и дека со ваквиот вид на кампања едно е јасно – ДУИ ќе оди во опозиција и ќе губи гласови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг