[ВИДЕО] Ќерките на убиената Иранка ја прославиле смртта на претседателот Раиси со алкохол и босански хит

Точка

20/05/2024

21:03

4.875

Големина на фонт

а а а

Иранката Мино Маџиди беше убиена во септември 2022 година за време на протестите на опозицијата во Техеран, кога полицијата примени голема сила против демонстрантите.

Ќерките на Мино очигледно едвај ја дочекале веста како што е оваа, која го шокираше целиот свет - дека претседателот на Иран, Ебрахим Раиси загинал во несреќа кога хеликоптерот со кој летал се урнал во подножјето на планина.

Девојките на видеото објавено на „Х“ ја прославуваат смртта на Раиси со алкохол, но и со песната „Хеликоптер“ на Фадил Фазлија од Босна и Херцеговина.

Мино Маџиди (62) беше застрелана од страна на безбедносните сили на Исламската Република на 20-ти септември, за време на протестот во Керманшах.

Нејзината ќерка до ден-денес тврди дека нејзината мајка била застрелана со воздушни куршуми и дека ја погодиле 167 куршуми. Мино починала на пат кон болница.

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи денеска изјави дека првиот потпретседател на Иран, Мохамад Мокбер, е задолжен за извршната власт и има рок од 50 дена да одржи претседателски избори.

Хамнеи прогласи 5-дневна национална жалост поради смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси во хеликоптерска несреќа, јави иранската новинска агенција ИРНА.

Според Уставот, во случај иранскиот претседател да почине, првиот потпретседател ја презема функцијата шеф на државата во текот на 50-дневен преоден период до одржување на изборите, со одобрение од иранскиот врховен лидер, кој го има последниот збор во сите државни прашања.


Трите гранки на иранската влада, извршна, законодавна и судска, денеска одржаа вонредна седница на која првиот потпретседател на Иран, Мохамад Мокбер, ја претставуваше извршната власт по смртта на претседателот, јави иранската државна телевизија.

„Ќе го следиме патот на претседателот Раиси во исполнувањето на доделените должности без никаков прекин“, рече Мокбер, пренесе Ројтерс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг