Јапонска механика и италијански дизајн: Ова е новиот Nissan GT-R50

Точка

20/05/2020

15:10

1.331

Големина на фонт

а а а

Јапонската компанија го претстави специјалното издание на познатиот модел GT-R кое е направено во соработка со познатото дизајнерско студио Italdesign.

Јапонска механика и италијански дизајн – ова е навистина совршена комбинација. GT-R50 имавме прилика да го видиме во различни форми, но сега е прикажано конечното издание. Првобитно беше замислено овој автомобил да биде претставен на Саемот за автомобили во Женева, но поради епидемијата на Ковид-19 Јапонците го претставија преку онлајн премиера.


Кога станува збор за дизајнот, јасно е дека GT-R50 е целосно поинаков од стандардниот модел – од драстични промени на предниот дел, па се до вдлабнувања на покривот. Секако, во преден план се и 21-инчните фелни кои изгледаат навистина моќно.


Во кабината нема некои големи новитети – се е помалку или повеќе слично со стандардниот модел, со тоа што се употребени повеќе скапи материјали затоа што станува збор за ексклузивен автомобил кој ќе биде достапен во само 50 примероци.

Под хаубата е сместен познатиот 3,8-литарски twin-turbo V6 агрегат кој во ова издание испорачува 710 коњски сили и 780 Nm максимален обртен момент.


Nissan ги отвори нарачките за овој модел уште во декември 2018-та година. Првите автомобили сопствениците ќе ги добијат кон крајот на оваа и почетокот на идната година, а цената изнесува вртоглави 990 илјади евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг