Животот на планетата Земја, нејзината флора и фауна, во текот на годините се трансформирал. Од различни причини се случиле 5 големи изумирања на видови кои што некогаш биле населени на нашава планета, познати како ‘5 масовни изумирања’.
Во овој момент, најмногу поради луѓето, некои од научниците сметаат дека планетата е на работ на ‘Шестото големо изумирање’.
Како се прогласува некој вид животни загрозен?
Кога сите претставници на еден вид се во опасност да исчезнат од планетата Земја, тогаш за таквиот вид се вели дека е загрозен.
Колку животни се во опасност поради изумирање?
Според податоците на Меѓународната унија за заштита на природата, околу 5.200 видови животни се моментално загрозени. Покрај тоа, при расчленувањето по класи, загрозени се 11 отсто од птиците, 20 отсто од влекачите, 34 отсто од рибите и 25 отсто од водоземците и цицачите.
Како да се избегне изумирањето на видовите?
Тоа не е лесна задача. Спречувањето на исчезнувањето на видовите, подразбира спроведување на голем број специфични акции. Некои од нив подразбираат избегнување на фрагментација на нивните живеалишта, на пример сечење на шумите, илегален лов и риболов, создавање природни резервати.
Борбата против загадувањето и климатските промени исто така е борба и за зачувување на некои од видовите животни...
12 најзагрозени видови животни во светот:
1. Планинска горила
2. Поларна мечка
3. Ибериски рис
4. Суматрански тигар
5. Бел носорог
6. Снежен леопард
7. Панда
8. Шимпанзо
9. Панголин
10. Орангутан од Борнео
11. Аксолотл
12. Сина туна