И Фелаини позитивен на коронавирусот, се наоѓа во болница во Кина

Дерби

22/03/2020

13:51

1.285

Големина на фонт

а а а

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Маруан Фелаини е последниот од светски познатите фудбалери кои се тестирани позитивни на коронавирусот.

Белгиецот кој во моментов игра за кинескиот Шандонг Луенг бил позитивен на теситрањето во петокот по рутинскиот скрининг по неговото пристигнување во Џинан.

Фелаини во моментов е во изолација во болницата во Џинан, а според официјалниот профил на клубот, Белгиецот засега не покажува симптоми на коронавирусот.

Фудбалерот од средниот ред е последниот од низата фудбалери кои имаат коронавирус, вчера излезе информација дека Пауло Дибала, Паоло Малдини и Даниеле Малдини исто така се позитивни на ова заболување.



Спонзорирани линкови

Маркетинг