Луксембург: Земја на замоци, зачувана природа и висок животен стандард

Точка

13/03/2020

14:56

6.064

Големина на фонт

а а а

Окружен од Германија, Белгија и Франција, Луксембург е една од најмалите држави во Европа и на светот. Надалеку е познат по своите средовековни дворци, сочувана природа и долини со винова лоза, но и пријатен живот во мултиетничка заедница.

Главниот град, исто така Луксембург, често го нарекуваат Град на два ката, со стар град од 10-тиот век, кој гордо стои на висока карпа над зеленилата, каде е сместен модерниот дел од градот. Најдобар начин да го разгледате е да тргнете на популарната 2-часовна прошетка, која ги води туристите низ историските бедеми и знаменитости, низ камените улици со цркви и кули. 

Треба да го видите и малиот плоштад со пешачка зона Плас Д'Арме, како и Шеман де ла Корниш, најубавата европска тераса. Станува збор за шеталиште кое гледа на долината и Бок казамата, тунели прокопани низ клисурата. Со својата убавина се издвојува и Луксембуршкиот дворец, кој датира уште од раниот среден век.

Во земјата живеат речиси 450.000 жители, од кои најмногу Луксембуржани и Португалци, а вкупно 170 различни народи. Животниот стандард е многу висок, а приходите се стабилни. Во Луксембург има и неколку институции на ЕУ, како што се Европскиот суд на правдата, Ревизорскиот суд и Европската инвестициска банка.

Луксембуршката кујна потсетува на германската гастрономија, како и на јадењата од земјите на средна Европа. Популарни се и француската и италијанската кујна, па во многу ресторани се служат национални јадења од тие држави. Луксембург се гордее со неколку подрачја со лозарство, па тука често се пие вино, но и познатата луксембуршка ракија.

Embed from Getty Images

Луксембург е познат и по ренесансните згради. Би било убаво да ја посетите Госпината катедрала, градските казамати, кои се под заштита на УНЕСКО, но и Златната дама - споменик во знак на сеќавањата на војниците од Првата светска војна. Сепак, најпознатиот симбол на градот е Адолфовиот мост, долг 153 метри.

Северниот дел на Луксембруг изобилува со природни убавини. Тука се наоѓа националниот парк на горниот тек на реката Сура, а целиот простор е познат и по птичјите видови и пеперутки, но и неодоливите предели кои го одземаат здивот.

Источен регион

Луксембуршката "Мала Швајцарија", односно источниот регион Мулертал, своето име го има добиено по брдестите предели кои неодоливо потсетуваат на Швајцарија. Главен град е Ехтарнах, кој, воедно, е и најстариот град во целата држава.

Во 2010-та година стекнал меѓународна слава и репутација со оглед на тоа дека влегол под заштита на УНЕСКО.

Туристите го посетуваат и градот Клерво на северот. Истоимениот дворец во склоп на црквата Свети Кузма и Дамјан, кој датира од средниот век, е станица која сите туристи мора да ја посетат.

Embed from Getty Images

Велосипедски туристи

Луксембуржаните се прилично страстни кога се работи за велосипедизмот. Имаат 600 километри градски и 700 километри планински велосипедски патеки, кои минуваат низ живописни предели и недопрена природа. Организираните велосипедски тури со водичи тука се секојдневие.

Две евра - два часа

За само две евра, колку што чини дневната карта за апсолутно секој воз, автобус или трамвај во државата, можете да се возите вкупно два часа. Тоа е поради тоа што во Луксембург, секаде можете да стигнете за два часа.