Лубеницата е кралица на летото – освежувачка, слатка и здрава, барем на прв поглед.
Сепак, за одредена група луѓе, ова омилено овошје може да претставува сериозен здравствен ризик.
Дознајте кој треба да ја консумира со внимание или целосно да ја избегнува.
Лубеницата е синоним за лето: сочна, слатка, освежителна и речиси секогаш присутна на летната трпеза.
Нејзината впечатливо црвена и розова боја и високо ниво на вода кое го содржи ја прават идеална ужина за летото.
Меѓутоа, зад нејзиниот изглед и освежувачки вкус се крие здравствен ризик, особено за лицата кои имаат одредени хронични болести и нарушувања во метаболизмот.
Иако за поголем дел од луѓето лубеницата е корисна поради хидратацијата и антиоксидантите кои ги содржи, како и витаминот Ц, постои група луѓе за кои ова овошје е штетно.
Нејзиното консумирање во тие случаи може да доведе до влошена здравствена состојба, па дури и до итни медицински интервенции.
Дијабетичари – сладок отров во црвена кора
Лубеницата содржи природни шеќери, но има и висок гликемиски индекс, што значи дека брзо го зголемува нивото на гликоза во крвта.
Иако нејзиниот гликемиски индекс е висок, гликемиското оптоварување по една порција не е исклучително големо, но токму тука многумина прават грешка: ретко кој јаде само една порција лубеница.
Во текот на жешките денови лубеницата често луѓето ја јадат во големи количини, што за лицата кои имаат дијабетес може да претставува сериозен ризик.
За дијабетичарите, особено оние на инсулинска терапија, тоа може да предизвика:
Нагло зголемување на шеќерот во крвта, губење на контролата над шеќерот, што води до сериозни комплиации, умор, главоболка, дијабетична кома во екстремни случаи.
Заблуда: Природниот шеќер од овошјето не може да штети.
Вистина: Поради тоа што овошјето е богато со шеќер и доколку се јаде во големи количини, може да штети кај дијабетичарите.