Шок во Тотенхем – Мин Сон ќе оди во карантин поради коронавирус

Макфакс

29/02/2020

15:32

2.917

Големина на фонт

а а а

Фудбалерот на лондонски Тотенхем, Хеунг мин-Сон баш нема среќа во пролетниов дел од сезоната во Премиерлигата, откако во првиот дел од сезоната беше стрелец на 16 гола за Спарси.

Кореецот доживеа скршеница на раката на дуелот со Астон Вила.

Тој е пред нова неволја. Поради безбедносни причини, тој ќе мора да биде во карантин при неговото враќање во Англија. Причина е коронавирусот кој зема замав во Јужна Кореја.

Мин Сон минатата недела правеше операција на раката во Сеул и наскоро се враќа во Англија, рече тренерот на „петлите“, Жозе Мурињо.

„Ќе мора да ги почитува безбедносните протоколи“ – дециден е Португалецот.

Јужнокорејските власти соопштија дека во земјата има 2.337 заболени од коронавирусот, а досега животите ги загубија 16 граѓани

Мурињо изјави и дека се надева дека Сон ќе се врати во дресот на Тотенхем барем на некоја од последните овосезонски мечеви.



Спонзорирани линкови

Маркетинг