Милер: Само една работа ќе одлучува за наша победа на „Бернабеу“

Дерби

07/05/2024

11:28

904

Големина на фонт

а а а

Томас Милер остана разочаран од епилогот на првиот натпревар и нагласи дека Баерн требал да оставри победа против Реал на „Алијанц арена“, но надежите за финале и натаму се доста големи и еден од капитените верува во квалитетот на баварскиот великан.

Една од најтешките работи во фудбалот е да се победи Реал Мадрид на важен натпревар на гости во Лигата на шампионите, а токму пред таква мисија се фудбалерите на Баерн, кои сепак веруваат во своите шанси.

Милер е убеден дека Баерн ќе создаде прилики за гол на „Бернабеу“, но според него клучно ќе биде да се искористат истите и да не се повторат грешките од Минхен.

– Реал Мадрид има повеќе лица. Знае да се повлече понекогаш и нема проблем да игра во одбрана. Во тој случај се доста мирни, бидејќи имаат многу играчи кои се брзи и кои се убиствени на контри. Тој концепт им успева од време на време.

– Реал Мадрид е исклучително опасен, но исто така остава простор за игра. Имаме шанси да победиме, но тоа ќе зависи само од нашата ефикасност. Само една работа ќе одлучува, а тоа е дали ќе ја сместиме топката во мрежа.

– Ефикасноста е најважна во фудбалот. Против Штутгарт пред неколку дена промашивме две чисти шанси на 1:1, ако ги реализиравме, ќе остваревме победа. На крајот загубивме, тие клучни моменти решаваат се во фудбалот. Милиметри решаваат дали ќе победите или ќе загубите и тоа ќе биде најважно за нас против Реал, – додава Милер, кој за крај говори и за „Сантијаго Бернабеу“ како фудбалско здание.

– Едвај чекам да видам како изгледа реновираниот „Бернабеу“. Мене најмногу ме воодушевува на „Бернабеу“ тоа што е сместен во центарот на Мадрид. Стадионот е во зона кадешто живеат многу резиденти и потоа се вртите и пред вас гледате стадион кој собира 80 илјади гледачи. Фудбалот е многу важна работа во Мадрид, тоа може да го почувствувате на секој чекор. Поради сето тоа, за мене уште поголем мотив е да се игра на „Бернабеу“, – завршува Милер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг